септември 23, 2024

Редоследот на ливчето на првите седум партии/коалиции, е веќе познат. Тој, како што изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски, е утврден откако седумте политички субјекти кои учествуваат на претседателските избори дале согласност да го имаат истиот реден број на гласачкото ливче за парламентарните избори како оној што го носат нивните претседателски кандидати на изборите за шеф на државата. Редоследот на гласачкото ливче на останатите десет политички субјекти беше утврден со ждребување

Откако ги потврди, но и отфрли дел од листите за кандидати за пратеници на партиите и коалициите, Државната изборна комисија (ДИК) на седница одржана попладнево со ждребување го утврди нивниот редослед на гласачкото ливче за парламентарните избори што ќе се одржат на 8 мај.

Фото: EPA-EFE/NAKE BATEV

Редоследот на ливчето на првите седум партии/коалиции, е веќе познат. Тој, како што изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски, е утврден откако седумте политички субјекти кои учествуваат на претседателските избори дале согласност да го имаат истиот реден број на гласачкото ливче за парламентарните избори како оној што го носат нивните претседателски кандидати на изборите за шеф на државата.

Ова, како што рече Даштевски, го дозволува Изборниот законик ако во ист период има повеќе видови избори.

„Согласно измената на Изборниот законик од член 68 став 4, односно доколку во ист период се одржуваат повеќе видови избори, подносите на листата на кандидати чијшто реден број на гласачкото ливче е одреден согласно член 68 став 1 може со писмена согласност да дозволи неговиот реден број да се користи истовремено на гласачко ливче и за друга листа на кандидати и за друг вид избори доколку кандидатите се поддржани од истата политичка партија и коалиција или користат ист симбол, за што задолжително ја известуваат ДИК“,

рече Даштевски на денешната седница на ДИК.

Редоследот на гласачкото ливче на останатите десет политички субјекти беше утврден со ждребување. Редните бројчиња, преклопени и ставени во плик, од кутија ги извлекуваа овластените претставници на партиите. За партиите кои немаа испратено овластен преставник во ДИК, редните броеви под кои ќе бидат заведени на гласачкото ливче ги извлекуваше службеник од Државната изборна комисија.

Во продолжение e редоследот на кандидатските листи за пратеници на партиите/коалициите на гласачкото ливче:

Коалиција за европска иднина предводена од СДСМ
Коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ
Коалиција „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ
Коалиција „Европски форнт“ предводена од ДУИ
Левица
Коалиција „Вреди“
Движење ЗНАМ – За наша Македонија
Единствена Македонија
Нова алтернатива
Аваја
Европско граѓанско движење
Македонска ера трета/Македонски независни листи
Твоја партија
Родина Македонија
Десна
Демократи
Работничка партија

Вака утврдената листа, како што кажа првиот човек на ДИК на денешната седница, ќе биде објавена во дневниот печат најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите.

Гласањето за избор на пратеници е закажано на 8 мај, заедно со вториот круг од претседателските избори.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK