септември 23, 2024

Олимписката и светска првенка во трискок, Јулимар Рохас ќе ги пропушти Олимписките игри во Париз поради повреда.

Рохас (28) на социјалните мрежи објави дека се повредила и нема да закрепне од повредата на време за да го одбрани златото освоено во Токио пред три години.

„Со многу болка и тага сакам да ви кажам дека додека тренирав ја повредив Ахиловата тетива на левата нога“, се наведува меѓу другото во најавата за актуелниот светска рекордерка на отворено и во сала.

Рохас го постави светскиот рекорд на отворено (15,67 м.) на Олимписките игри во Токио во 2021 година, а во сала (15,74 м) во Белград во 2022 година, за време на Светското првенство.

The post Шампионката во трискок нема да го брани златото во Париз appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK