септември 23, 2024

Примерок од стрипот од 1938 година, во кој првпат се појавува Супермен, е продаден за рекордни шест милиони долари, објави аукциската куќа „Херитиџ аукција“.

Покрај првото појавување на „Човекот од челик“ во стриповите, дебитира и ликот на Лоис Лејн, новинарка која е симпатија на Супермен.

Во светот моментално има само околу 100 примероци од овој стрип, кој пред 86 години го отпечати компанијата „National Allied Publications“, претходникот на „DC Comics“, во тираж од 200.000 примероци.

Цената од шест милиони долари го надмина претходниот рекорд за продажба на стрип, чиј главен лик исто така беше Супермен, кој беше продаден во 2022 година за 5,3 милиони долари.

The post Копија од стрипот во кој првпат се појави Супермен е продадена за 6 милиони долари appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK