септември 23, 2024

Синоќа имав чест да присуствувам на изложба посветена на вонвременскиот охридски уметник Вангел Наумовски. Изложбата беше организирана од ЛК „Лихнидос“, а на неа присуствуваа бројни охриѓани, а за него зборуваа уметници, ликовни критичари, историчари, новинари, пријатели, познаници, општествено истакнати личности и членови на неговото семејство.

Изложбата на која беа изложени дела од Вангел Наумовски се организира по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Од страна на организаторите и фамилијата Наумовски произлезе иницијатива за именување на плоштадот кај „Мини Маркет“ во Плоштад „Вангел Наумовски“. Оваа иницијатива со задоволство ја прифаќам и ја иницирам постапката за прифаќање на оваа иницијатива и со тоа големиот Вангел Наумовски да добие заслужено место. Неодамна на овој простор од страна на Младите од Охридскиот архитектонски колектив „Архрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“, со поддршка на ЛК Лихнидос, ЛК Охрид, Кармен Бауцентар и уметнилчката галерија „Букефал“ беше исцртан мурал посветен на 100 годишнината од раѓањето на Вангел Наумовски.
Пишува градоначалникот на Охрид Д-р Кирил Пецаков

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK