Лондон, 29 декември 2022 (МИА) – Американската мултинационална компанија за нафта и гас „ЕксонМобил“ поднесе тужба против ЕУ поради воведеното оданочување на екстрапрофитот.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Енергетските компании заработуваат многу повеќе пари од продажбата на нафта и гас, благодарение на порастот на цените поттикнати од закрепнувањето на економијата по епидемијата на коронавирусот и загриженоста за снабдувањето откако Западот воведе санкции кон Русија поради војната во Украина.
Европските влади се обидуваат да ги заштитат компаниите и граѓаните од високите трошоци за енергија, а во исто време бараат нови извори на приходи за финансирање на мерките за помош.
Во таков амбиент, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во септември објави план што предвидува „кризен придонес“ од големите производители и добавувачи на нафта, гас и јаглен во форма на даноци за овогодинешниот екстра профит. Брисел предложи да се плати данок од 33 отсто на овогодинешната добивка, доколку таа е за повеќе од 20 проценти поголема од просекот остварен претходните три години.
Американскиот енергетски гигант тврди дека ЕК ги надминала своите законски овластувања, нарекувајќи ја мерката „контрапродуктивна“.
Данокот ги обесхрабрува инвестициите и ја поткопува довербата на инвеститорите, се вели во тужбата поднесена од „ЕксонМобил“ против ЕУ пред Општиот суд во Луксембург, јави „Би-Би-Си“.
На состанокот со инвеститорите на почетокот на месецов, главниот финансиски директор процени дека данокот на ЕУ ќе ја чини групацијата „повеќе од две милијарди долари“.
Во октомври компанијата објави квартален профит од речиси 20 милијарди долари.
Европската комисија соопшти дека „го зема предвид“ правното барање на „Ексон“ и додаде дека „Општиот суд треба да одлучи за случајот“, објави „Фајненшл тајмс“.
Министрите на ЕУ проценуваат дека данокот на дополнителна добивка може да им донесе 140 милијарди евра приход, наведува „Би-Би-Си“.