мај 2, 2024

Пиварницата „Хајнекен“ и американската компанија за облека „Бодега“ лансираа „глупав“ мобилен телефон, дизајниран да ги спречи младите да не губат време на смартфони.

„Boring Phone“ е лишен од „дистракциите“ што ги имаат денешните смартфони и се користи првенствено за повици и СМС-пораки. Поради тоа, нема пристап до интернет и социјалните мрежи, со цел младите да се обесхрабрат да не бидат толку врзани за технологијата.

Дизајнот на телефонот на преклопување потсетува на мобилната технологија од почетокот на 2000-тите, исто како и батеријата, која трае една недела кога не се користи. Телефонот е опремен со камера со 0,3 мегапиксели, ФМ радио и видеоигра со змија.

The post „Хајнекен“ создаде „досаден“ мобилен телефон кој нема пристап до интернет appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK