септември 25, 2024

Кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години по планините околу нас, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва со Свети Николе на митингот на Коалицијата за европска иднина.

„Гледам дека веќе растат тензиите за изборите. И има причина за тоа. Овие избори се клучни за нашата иднина. Овие избори се глас ЗА или ПРОТИВ нашата европска иднина! Овие избори не се за бисквити и гурабии. Мене тоа воопшто не ми е смешно! Затоа што кога ќе слушнам заканувачки тонови, тоа веднаш ме потсетува на она што се случи пред дваесет и нешто години по планините околу нас. Сакам да ѝ порачам на албанската заедница: ова е и ваша земја, никој не може да ви ги земе правата. Тие се запишани во Уставот. Но вие имате и одговорност. И ако се надевате дека некое незадоволство ќе се претвори во насилство, се лажете. Прво граѓаните нема да го дозволат тоа, никој здраворазумен нема да го дозволи тоа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK