септември 25, 2024

Многу држави имале наметната имиња во колонијализмот и никој не им се извинува, но си ги вратија. Уставот го носат и го менуваат граѓаните. Секоја генерација има право на свој устав, коментира професорката Гордана Силјановска-Давкова во емисијата „Само интервју“ за новото уставно име

Таа бара да се престане со лажните тези дека меѓународните договори се над Уставот, туку дека тие се само над законите.
Јас лично нема да го употребувам. Не го поткопувам договорот, така како што е во институциите, јас не сум талибанка и вандалка ќе го почитувам тоа секаде. Кога нешто ќе биде бесправно или против правно никнато не може да биде конечно, вели Силјановска-Давкова.

Професорката не стравува дека ќе биде ставена на црната листа на САД.

– Црна листа на криминал и корупција разбирам, ама црна листа за слобода на мислење и слободно изразување и право на самоопределување ќе биде малку проблематично, додава таа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK