септември 25, 2024

Централната изборна комисија на Косово соопшти дека до 11 часот во четири општини на север гласале 85 лица, што е 0,18 отсто од вкупниот број запишани избирачи.
Во Северна Митровица гласале 32 лица, во Звечан немало гласачи, во Лепосавиќ 46, додека во Зубин Поток седум лица.

Право на глас на референдумот за смена на градоначалниците на четири општини на северот на Косово имаат 46.556 граѓани.

Во четири општини на северот на Косово денеска се организира референдум за импичмент на градоначалници од албанска националност, избрани минатата година со гласовите на неколку отсто од гласачите, а српските партии на Косово повикаа на бојкот.

За да успее референдумот треба да излезат 50 отсто плус еден од запишаните гласачи. ЦИК испечати 40.000 гласачки ливчиња.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK