мај 17, 2026

Пејачката блесна во луксузен и секси црвен фустан, а беше и една од најзабележаните личности.

На свечената Мет Гала во Њујорк, најочекуваниот моден настан кој ги собира најпознатите ѕвезди на црвениот тепих, латино ѕвездата Шакира беше меѓу оние кои привлекоа најголемо внимание.

Заносната Колумбијка, која минатата година се разведе од Жерар Пике, со кој има два сина, блесна во прекрасен, провокативен црвен фустан кој ја истакна нејзината одлична фигура.

Највпечатлив детал беше големиот шлиц кој стигнуваше сè до бутовите, па пејачката ги покажа затегнатите нозе, но и волшебното деколте никој не го пропушти.

И сандалите и накитот беа внимателно одбрани, а црвената боја одлично и прилегаше на музичката ѕвезда која на црвениот тепих се појави во друштво на американскиот дизајнер Вес Гордон.

The post Бомба во огнен фустан: Шакира во жешка верзија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK