мај 17, 2026

– Американскиот претседател Џо Бајден на предизборен митнг во Сан Франциско се пошегува дека би сакал поранешниот претседател и негов противкандидат на претстојните избори Доналд Трамп да го следел сопствениот повик во времето на ковид-пандемијата и да си вбризгал малку белило како средство за борба против коронавирусот.Говорејќи на кампањата за собирање средства во петокот, Бајден го оцени како „хаос“ претседателството на Трамп и ги повика гласачите да не го заборават тоа во пресрет на претседателските избори во ноември.– Се сеќавате кога рече дека најдоброто нешто што треба да направите е само да си вбризгате малку белило во вашата рака? Токму така кажа. И тој го мислеше тоа. Би сакал и самиот да проба малку, рече Бајден.Во текот на првите месеци од пандемијата Ковид-19 во 2020 година, Трамп тврдеше дека инјектирање средство за дезинфекција како што е белилото или изопропил алкохол во човечкото тело може да помогне во заштитата од вирусот.Бајден и претходно му има забележано на неговиот републикански противкандидат за „инјектирањето белило“, шегувајќи се дека Трамп го направил тоа, но „му поминало само низ косата“.Џо Бајден се пошегува и за, како што рече, „љубовните писма“ до Трамп од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Трамп за време на претседателскиот мандат се сретна со Ким и разменија голем број писма, од кои копии чувал во папка во Овалната соба во Белата куќа.Меѓутоа, на вчерашниот настан, Бајден направи грешка кога зборуваше за Ким Џонг-ун, имeнувајќи го како „претседателот на Јужна Кореја“, наместо на Северна Кореја.Засега нема коментар за шегите на Бајден од предизборниот штаб на Доналд Трамп.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK