ноември 21, 2024
Папата Бенедикт Шеснаесетти почина на 95-годишна возраст

Поранешниот папа  Бенедикт Шеснаесетти почина на 95-годишна возраст, објави Ватикан. Во претходните денови неговото здравје драстично се влоши, а веста за неговата смрт беше објавена во саботата наутро.

Папата Бенедикт XVI, роден во 1927 година во германскиот град Марктл во Баварија како Јозеф Алоис Рацингер, беше најстариот кардинал назначен за папа од Климент XII, кој беше избран во 1730 година. Неговиот понтификат траеше од април 2005 година до февруари 2013 година, кога го шокираше светот со повлекувањето. Како причина за неговото пензионирање ја наведе лошата здравствена состојба и тврдеше дека е премногу стар за да продолжи да служи на 85 години. Тој беше првиот папа што се пензионираше.

“With sorrow I inform you that the Pope Emeritus, Benedict XVI, passed away today at 9:34 in the Mater Ecclesiae Monastery in the Vatican.

Further information will be provided as soon as possible.” pic.twitter.com/O5dxoPaVkT

— Vatican News (@VaticanNews) December 31, 2022

Тој живееше во Ватикан речиси една деценија и тоа беше прв пат во историјата двајца папи да живеат во релативно близина еден до друг. Никогаш не сме имале ситуација еден папа да закопа друг, рече католичкиот историчар Џок МекГриви. Таква ситуација не се случила ниту во средниот век.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK