ноември 21, 2024

 Италијанската премиерка Џорџа Мелони го нарече Бенедикт Шеснаесетти, кој почина денеска во Ватикан на 95-годишна возраст, „џин на верата и разумот“.

Таа го нарече германскиот теолог „човек со љубов кон Господ кој го стави својот живот во служба на универзалната црква и кој зборуваше и ќе продолжи да зборува со срцата и умовите на луѓето“.

– Христијанин, свештеник, теолог: голем човек кого историјата нема да го заборави. Му изразив на светиот отец Франциско дека владата и јас лично ја делиме неговата тага и тагата на целата црковна заедница, напиша Мелони во соопштение.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK