Популарниот турбо фолк пејач Аца Лукас синоќа имаше концерт во ноќен клуб во Охрид. Предновогодишната забава со него беше најавувана подолг период, но како што раскажуваат гости кои вчера отишле на настанот, си заминале дома разочарани.
Имено, откако испеал неколку песни, Лукас се повлекол зад сцената бидејќи му се слошило. Иако публиката го очекувала да се врати, тоа не се случило. Неофицијално, пејачот побарал медицинска помош. За неговите здравствени проблеми периодов и самиот информираше на социјалните мрежи, кога откажа неколку концерти во Србија.
The post Прекинат концертот во Охрид: На Аца Лукас му се слошило !!! appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде