Австралија го одбележа доаѓањето на новата 2023 година со голем огномет над пристаништето во Сиднеј. Повеќе од милион луѓе ја дочекаа Новата година на улиците на Сиднеј.
Повеќе од 7.000 огномети беа лансирани од врвот на Сиднејскиот мост и уште 2.000 од блиската опера.
Официјалната прослава започна неколку часа пред полноќ, па дел од подготвената празнична пиротехника веќе беше испукана во 21 часот по локално време.
Со величенствен огномет од Скај Тауер, висока 328 метри, жителите на главниот град на Нов Зеланд го прославија доаѓањето на Новата година.
Најважните знаменитости во градот биле осветлени со ласерска светлина, според Sky News.
The post Повеќе од милион луѓе ја дочекаа Новата година на улиците на Сиднеј. appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде