Русија лансираше десетици проектили врз градови низ Украина, соопштија тамошните власти.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека во градот имало неколку експлозии кои предизвикале материјална штета и најмалку еден загинат.
Нападите се случија два дена откако Русија го изврши еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија би можела да изврши нови напади за Украинците „да ја дочекаат Новата година во темница“. Гувернерот на Миколајев Виталиј Ким на Фејсбук изјави дека биле пријавени и лансирања на руски ракети.
„Окупаторите решија да се обидат да ни го расипат денот“, рече тој.
Во Киев, среде новогодишните прослави, луѓето побрзаа во засолништата додека сирените за воздушни напади се вклучија за време на ручекот. Во трите области погодени од експлозиите беа испратени итни работници. Во регионите низ државата е активирана противвоздушната одбрана.
Следете не, не има насекаде