Австралија ја воведе новата година со традиционалниот огномет, а голем број туристи пристигнаа во Сиднеј да уживаат во феноменалната прослава.
Пред портите синоќа се собраа голем број туристи за да можат да го заземат нивното место. Во 10 часот се пополнија сите капацитети.
“Ова е мојот сон. Слушнав се најдобро за ова место”, изјави јапонската туристка за ABC.
Потсетуваме дека жителите на островите Самоа и Кирибати во Тихиот Океан први во светот влегоа во 2023 година. По нив во Новата година влегоа и жителите на Нов Зеланд.
Спектакуларни приеми беа организирани и во Токио, Дубаи, Пекинг, Њујорк, Берлин и други поголеми градови во светот.
Следете не, не има насекаде