Русија подготвува нешто големо.
Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников изјави дека руското раководство предводено од Владимир Путин можеби подготвува нова наредба за мобилизација и би можело да ги затвори границите следната недела. Резников преку видео порака им се обрати на граѓаните на Русија.
– Сигурно знам дека ви останува уште околу една недела пред да имате избори. На почетокот на јануари руските власти ќе ги затворат границите за мажите, ќе прогласат вонредна состојба и ќе започнат нов бран на мобилизација. Границите ќе бидат затворени и во Белорусија – рече тој.
Резников предупреди дека Русите кои живеат во градовите ќе бидат особено ранливи. Кирил Буданов, шефот на украинската разузнавачка служба, за Би-Би-Си изјави дека новата руска наредба за мобилизација ќе започне на 5 јануари.
Следете не, не има насекаде