мај 18, 2026

Кошаркарската секција на Реал Мадрид го продолжи договорот со репрезентативецот на Зеленортските острови, Валтер Еди Таварез.

По поразот од Панатинаикос во Берлин (90:75) во финалето на Евролигата и враќањето во Мадрид, Таварез потпиша долгорочен договор со „кралскиот клуб“.

Сагата околу новиот договор траеше долго, но беше јасно дека играчот од Зеленортските Острови сака да остане во Реал.

Како што пренесува добро информираниот „Енцестандо“, Таварес потпишал петгодишен договор со Реал.

Со оглед на тоа дека има 32 години, се укажува на тоа дека високиот центар кариерата ќе ја заврши во Шпанија. Тој е дел од семејството на Реал од 2017 година.

The post Таварез потпиша нов договор со Реал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK