мај 18, 2026

Српските цариници на граничниот премин Прешево со Македонија спречија шверц на девет черепи и шест кожи на заштитени видови дивокоза и волк, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението на Царината на Р. Србија се наведува дека сето тоа било пронајдено во празен камион со странски регистрации на влезот во Србија.

Пронајдени се пакувања со девет животински черепи, од кои седум со рогови од дивокоза и два од волци.

Откриени се и шест сурови кожи, од кои четири се на дивокоза, а две на волци.

Канцеларијата за спроведување на конвенцијата „CITES“ на Министерството за заштита на животната средина на Србија потврди дека се работи за животни кои се на списокот на видови заштитени со таа конвенција.

За прекуграничен сообраќај на диви загрозени и заштитени видови, како и нивните деривати – кожа, крзно, рогови, канџи и други трофеи и сувенири, покрај вообичаената документација, потребна е и посебна CITES дозвола.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK