мај 18, 2026

Францускиот претседател Емануел Макрон се заложи Киев да добие дозвола да изврши напади врз воени објекти на територијата на Русија од каде што руските сили ја гаѓаат украинската армија.
Испораките во Киев на оружје со долг дострел, способно да ги уништи руските воени објекти, не претставуваат ескалација на конфликтот, додаде тој на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Не сакаме ескалација во Украина… Но, како можеме да и доставуваме оружје на Украина и да кажеме – не можете да го користите за заштита? На Украина треба да и се дозволи да уништи воени објекти на територијата на Русија од каде што руските сили пукаат ова не е ескалација“, рече тој Макрон.
Францускиот претседател одби да ги коментира изјавите за француските инструктори во Украина. Како што наведе, за ова прашање ќе разговара со украинските власти следната недела.
Претходно денеска високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел изјави дека нападите на Украина на руска територија со западно оружје се „легитимни според меѓународното право“ доколку се „пропорционално извршени“, иако засега голем број членки на Европската унија не се согласуваат со ова.
Тој посочи дека „само една или две земји од ЕУ се подготвени да ги укинат тие ограничувања, додека останатите во моментов размислуваат за тоа“.
Исто така, Борељ нагласи дека никој не може да натера ниту една земја од ЕУ да донесе таква одлука и дека секоја земја самостојно одлучува за тоа.
САД, како и досега, се против Украина да користи американско оружје за напади на руска територија, без оглед на поканата на генералниот секретар на НАТО, соопшти Стејт департментот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK