мај 18, 2026

Бугарскиот премиер Димитар Главчев испрати писмо до постојаната претставничка на Бугарија во Обединетите нации Лачезара Стоева во кое бара од неа да се воздржи за време на гласањето на Генералното собрание на ОН за Резолуцијата за Сребреница, пишува Факти.
Стоева го одби барањето на премиерот и гласаше за Резолуцијата на која коавтор беше Бугарија, додава овој медиум.

Истражувачкиот сајт „Брд“ објави документи кои покажуваат промена на ставот на Софија, по разговорот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешниот премиер Бојко Борисов.

Главчев на 23 мај го испрати барањето до постојаниот претставник на Бугарија во ОН.

Бугарија беше коавтор на нацрт-резолуцијата заедно со Германија и Руанда, а според утврдените правила во ОН тоа значи дека и тие ќе гласаат за неа.

Стоева ја одби директивата на премиерот и во својот одговор до четирите партии даде аргументи зошто Бугарија не може да го смени ставот во последен момент, пред се затоа што тоа ќе влијае на угледот на државата.

Слична беше и ситуацијата во Македонија, каде македонскиот претставник гласаше „за“ Резолуцијата, а неколку днеови потоа претседателката Сињановска Давкова соопшти дека не била консултирана за гласањето.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK