мај 18, 2026

Аргентинскиот фудбалер Ерик Ламела по три години ја напушта Севилја.

Шпанските медиуми пренесуваат дека поранешниот аргентински репрезентативец без обесштетување ќе замине од „рамон Санчез Писхуан“.

Ламела дојде во Севилја во 2021 година од Тотенхем, а минатата сезона со овој тим ја освои Лигата на Европа.

Поголемиот дел од кариерата го помина во Лондон, осум сезони го носеше дресот на Тотенхем.

Кариерата ја започна во Ривер Плејт, а првиот клуб во Европа му беше Рома. Од Рим за 30 милиони евра се пресели во Тотенхем.

За аргентинската репрезентација забележа 25 настапи и постигна три гола.

The post Ламела ја напушти Севилја appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK