мај 18, 2026

МВР информира дека вчера во напуштен објект на ул.„Илија Николовски Луј” во Старата касарна, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци и Џ.М.(40) од Битола. Кај нив било пронајдено патничко возило „опел астра” со ресенски регистарски ознаки, за кое А.Р.(24) од Ресен истиот ден пријавил дека му било одземено во близина на паркингот кај спортската сала во Битола.

Возилото било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK