декември 4, 2024



Кога се говори за „превенција и третман“ на пијанството и мамурноста, постојат многу идеи, совети, „лекови“… Нo, сѐ тоа, сепак, доста често завршува „со главата под перница“ и реченицата „Никогаш повеќе“!

Затоа, научниците од швајцарскиот универзитетски Федерален институт за технологија во Цирих тврдат дека сега го нашле вистинскиот лек. Станува збор за „хидрогел“ којшто „може да ги намали штетните и опојни ефекти на алкохолот“, велат стручњаците. Овој гел е базиран и развиен на протеини, и е тестиран на глувци. Според наводите, гелот го претвора алкохолот во телото во „безопасна оцетна киселина“, како што вели професорот Рафаеле Мезенга.
Не само што гелот ќе го спречи влегувањето алкохол во крвотокот, туку го префрла разградувањето на алкохолот од црниот дроб во дигестивниот тракт. За разлика од процесот на метаболизирање алкохол во црниот дроб, штетниот ацеталдехид тука не се јавува како производ од тој процес, појасни Мезенга.
Кај глувците-заморчиња, гелот довел до намалување на алкохолот во крвта за 50 отсто. Овие резултати го убедиле тимот научници дека ќе делува и кај луѓето, иако се признава дека ќе бидат потребни повеќе тестови за усовршување на ова средство против пијанство и мамурност.

Извор

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK