СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.З. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Настанот за кој е поднесена кривичната пријава се случил на почетокот на август минатата година кога пријавениот физички го нападнал неговото малолетно дете, по што при претрес во неговиот дом била пронајдена автоматска пушка калибар 7,62 мм.
Следете не, не има насекаде