Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Томислав Тунтев поднесе оставка од функцијата. Оставката била доставена на 27 мај 2024 година до Управниот Одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, во согласност со законските прописи.
Оставката ја поднесов од лични причини. УО на АЦВ на својата седница одржана во четвртокот, на 30 мај 2024 година, во согласност со законските прописи, ја констатираше поднесената оставка и донесе одлука за разрешување од функцијата директор на АЦВ, на мое барање. Со тоа, на 31 мај 2024 година престана мојот работен однос во АЦВ, вели Тунтев за Охридњуз.
OhridNews