јули 6, 2024

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 02.06.2024 од 11.00 до 12.00 часот, поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка, како и трка на родители со бебешки колички, насловена како „Вози право, вози здраво”, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците каде ќе се движат учесниците.

Притоа, стартната позиција на трката е од Порта „Македонија, десно вдолж ул.„Димитрие Чупоски”, десно по ул.„Васил Главинов”, право по бул.„ВМРО”, лево по бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Наум Наумовски Борче”– Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK