ноември 21, 2024

Eвропската Унија останува верна на својата посветеност за поддршка на палестинскиот народ – порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, посочувајќи дека Европската комисија испратила нова помош во вкупна вредност од 41 милион евра.

Борел на платформата Х напиша дека 25 милиони евра од таа сума се наменети за палестинската управа, а 16 милиони евра за Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНВА).

Борел наведе дека со оваа последна исплата, ЕК од почетокот на годинава до УНРВА испратила помош во вкупен износ од 66 милиони евра. ЕК соопшти дека доделила втора транша помош од 25 милиони евра за палестинските власти за да придонесе за исплата на платите и пензиите на палестинските државни службеници, како и 16 милиони евра за УНРВА за обезбедување основни услуги за палестинските бегалци, како што се здравство и образование.

Исплатата од 25 милиони евра е втората транша исплатена на палестинската управа како дел од пакетот помош во вкупна вредност од 118,4 милиони евра, кој беше усвоен во декември 2023 година, се наведува на веб-страницата на ЕК. Првата транша од помошта за палестинската управа од 25 милиони евра беше исплатена во март, пренесе МИА.

Со исплатата на втората транша помош од 16 милиони евра за УНРВА, помошта на ЕК за оваа агенција на ОН од почетокот на годинава се зголеми на 66 милиони евра, од вкупно 82 милиони евра помош планирана за цела година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK