ноември 21, 2024

Во првиот квартал годинава во споредба со четвртиот квартал минатата година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 8,5 проценти, трошоците за материјали за 7,8 проценти, а трошоците за вработените за 9,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со првото тримесечје од 2023 година, во првите три месеци од годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 5,2 проценти, а за материјали за 11,6 проценти, додека трошоците за вработените се повисоки за 12 проценти.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за
преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK