ноември 22, 2024

Цената на станбениот квадрат во Скопје е во постојан раст иако расте и изградбата на нови станови и згради во главниот град.

Во Скопје, метар квадратен стан не може да се најде по 1.000 евра (освен во стари згради приградските населби) а во строгиот центар и населбите што важат за поелитни метар квадратен чини повеќе од 2.000 евра.

Тоа значи дека ако сакате да живеете во стан од 60 квадрати, ќе треба да платите најмалку 120.000 евра.

Но каква е ситуацијата со кириите?

Иако цената на квадратот постојано се зголемува од година в година, се чини дека кај кириите цената е прилично стабилизирана.

Па така, ако сакате да изнајмите двособен стан во Центар, Карпош. Аеродром, Кисела Вода, тоа во зависност од опременоста и сочуваноста ќе ве чини околу 300 до 350 евра.

Секако, кириите во строгиот центар, во Дебар Маало и Капиштец се за стотина евра пониски, а ако барате стан за изнајмување во Ѓорче Петров, Маџари, Железара, тогаш двосебен стан се наоѓа и за 200 до 250 евра.

Оние пак што сакаат поголема комоција и слобода, за да изнајмат куќа треба да одвојат минумум 500 до 600 евра месечно.

Цената на кириите пак на вилите и резиденциите на ексклузивни локации како Водно и Бардовци достигнува и до 4.000 евра месчно, во зависност од квадратурата и луксузноста во неа.

Кога станува збор за цената на кириите, Скопје е далеку поевтин од другите градови во регионот како Софија, Атина, Белград, Загреб и е малку поскап во однос на Тирана и Приштина.

Просечната плата во Македонија изнесува нешто над 40.000 денари или близу 700 евра, а па така излегува дека еден скопјанец со просечни примања треба да одвои половина од својата плата за да плати кирија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK