Невообичаено интересна сцена по финалниот натпревар од Лигата на шампионите во Лондон.
Еден од најдобрите актери на финалето на Вембли, 20-годишниот Џуд Белингем по мечот најпрвин ја прослави титулата со соиграчите, потоа ја сподели радоста со братот и мајка си, а потоа отиде директно кај Жозе Мурињо и побара од него услуга:
„Го замолив Жозе Мурињо да се слика со мајка ми, таа е негова обожавателка со години“, изјави младиот фудбалер за англиските медиуми.
“Sorry about that, my mum’s fancied you for years!”
We’re all here for Jude Bellingham’s mum asking for a picture with Jose Mourinho #UCLfinal | @BellinghamJude pic.twitter.com/6j96sy7wUG
— Football on TNT Sports (@footballontnt) June 1, 2024
Славниот Португалец, еден од специјалните гости на Вембли, со задоволство го прифати предлогот, но ја искористи приликата да се пошегува и да го „регрутира“ Џуд Белингам.
„Сега ти дојди во Фенербахче“, му рекол.
Жозе Мурињо штотуку стана нов тренер на турскиот гигант, а како и сите тренери во светот, би сакал во својот тим да види суперталентиран фудбалер.
Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 во финалето на Лигата на шампионите на Вембли и ја освои рекордната 15-та титула на Европското првенство.
The post (Видео) Фотографија на годината: Белингем ја сликаше мајка си со Мурињо appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде