ноември 22, 2024



Во Србија во тек е предизборен молк пред утрешните локалните избори во Белград и 66 други града и општини, како и 23 градски општини. На изборите нема да учествува значителен дел од опозицијата, чиј аргумент е дека власта не обезбеди еднакви услови за фер избори

Фото: архива

Локалните избори во Белград следуваат откако владејачката Српска напредна партија не успеа да формира мнозинство во градското собрание по изборите на 17 декември минатата година, за кои опозицијата тврди дека биле украдени со изборен инженеринг, миграција на гласачите и низа злоупотреби кои беа забележани од меѓународни набљудувачи, објави Хрт.хр.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ (ОДИХР) им препорача на српските власти да го подобрат изборниот процес, особено уредувањето на Избирачкиот список, еднаков пристап на опозицијата до медиумите итн.

Опозицијата, пред сè во Белград, е поделена за овие изборите, а дел од опозициските партии нема да учествуваат со образложение дека власта не обезбедила фер услови за демократски изборен процес.

Истражувањето на агенцијата „Пулс на Србија“ покажа дека на изборите на 2 јуни ќе гласаат 60,2 отсто од граѓаните на Белград, а опозициските гласачи се збунети и незадоволни од состојбата во која опозицијата ги дочекува повторените локални избори во Белград, особено што некои водечките опозициски партии и движења се откажаа од учество на избори. Нивниот аргумент е дека власта не обезбедила еднакви и правични услови.

На изборите за советници на Собранието на Град Белград и советници на 17 белградски општини право на глас имаат 1,6 милиони гласачи.

1 581 локален и 156 странски набљудувачи ќе ја следат работата на Градската изборна комисија и избирачките одбори на денот на изборите.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK