ноември 22, 2024

Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо и официјално стана нов тренер на Фенербахче.

Двегодишниот договор Мурињо го потпиша пред неколку десетици навивачи на стадионот на Фенербахче „Шукур Сарачоглу“ во Истанбул.

„Сакам да ви се заблагодарам за љубовта што ја чувствував од првиот момент кога моето име првпат се поврзуваше со Фенербахче. Обично тренерот се сака по победата, но во овој момент чувствувам дека сум сакан уште пред да победам. Тоа е голема одговорност. Од овој момент припаѓам на семејството на Фенербахче“, изјави Мурињо, а пренесува „Скај Спорт“.

Jose Mourinho, Fenerbahçe taraftarını selamladı! #beINSPORTS pic.twitter.com/adl2fXeCKy

— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) June 2, 2024

Во својата тренерска кариера Мурињо од клупата ги водеше Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.

Како тренер освои две Лиги на шампиони (Порто, Интер), две Лига Европа (Рома, Манчестер Јунајтед) и Конференциска лига (Рома), а освои и трофеи во првенствата на Шпанија (Реал Мадрид), Англија (Челзи), Португалија (Порто) и Италија (Интер).

Со Фенер ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите, а во второто коло ќе играат против српскиот претставник Партизан или швајцарски Лугано.

The post (Видео) Мурињо стигна во Истанбул, на чекор е oд Партизан appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK