ноември 22, 2024

МВР информира дека вчера (1 јуни) во 15 и 35 часот полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.Д.(20) и Х.В.(35), двајцата од Кавадарци, како и Ж.З. на возраст од 56 години од Гостивар.

Тие се сомничат дека сториле кривично дело „нелегално поврзување во електрична мрежа и кражба на електрична енергија“, казниво по член 235 од Кривичниот законик.
Тројцата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок, наведува полицијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK