ноември 22, 2024



Општинските власти велат дека по невремето во Демир Капија имало и прекин на електричната енергија

Невреме проследено со грмежи, силен ветер и град со големина на орев попладнево го зафати реонот на Општина Демир Капија.

Од видеата и фотографиите што се објавени на социјалните мрежи може да се види дека од градот има предизвикано штети на земјоделските култури, а улиците и дворовите се побелени.

Најмногу врнежи од град имало во потесното подрачје на Демир Капија. 

Од локалната самоуправа велат дека допрва ќе се утврдува колкави се штетите од врнежите на градобијни зрна.

„Има оштетувања врз виновите лози и дрвцата, земјоделските култури по дворовите. Засега нема точни информации каква е состојбата со земјоделските култури надвор од населбата. Евентуалните поголеми штети таму, би се утврдувале дополнително, со комисиско излегување на терен“,

велат од Општината во изјава за МИА.

Општинските власти велат дека по невремето во Демир Капија имало и прекин на електричната енергија.

Вечерва и од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) добиле информација за нестабилност и оти стационарна нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува во подрачјето околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија. 

Од УХМР и за утре најавуваат дека во текот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, кои на некои места ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK