ноември 23, 2024

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Орсато (48), во неделата, последен пат ја делеше правдата на натпревар од Серија А. Орсато во пензија ќе замине по Европското првенство во Германија.

Даниеле Орсато ја делеше правдата на натпреварот меѓу Аталанта и Фиорентина (2:3), со кој заврши сезоната во Серија А. Играчите по натпреварот го испратија со овации и подароци.

„Еден од најдобрите судии во историјата става крај на своето активно судење“, изјави директорот на Фиорентина, Даниеле Праде за Орсато.

Убави зборови за Орсато имаше и тренерот на Аталанта, Гасперини.

„Тој заслужи се што му се случи. Не знам дали е навистина фер судиите да ја завршат кариерата врз основа на возраста, но мислам дека треба да се земат предвид други критериуми. Мора да му се честита на Орсато и верувам дека неговата кариера ќе послужи како пример за помладите судии“.

Орсато го судеше последниот европски натпревар во мај, тоа беше полуфиналето од Лигата на шампионите меѓу Борусија и Пари Сен Жермен.

Тој го носи знакот на ФИФА од 2010 година.

Најголемиот успех во кариерата, на клупски план, го постигна во 2020 година кога го судеше финалето од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн.

Тој ја делеше правдата и во полуфиналето на Светското првенство во Катар во 2022 година помеѓу Аргентина и Хрватска, по што беше критикуван од поразената страна и капитенот на Хрватска Лука Модриќ, кој го нарече Орсато „најлошиот судија во историја“.

The post Орсато последен пат во Серија А ја делеше фудбалската правда appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK