јули 6, 2024

Не само што доаѓа филм за Minecraft следната година, туку сега е објавено дека се планира и анимирана серија базирана на видео играта.

Minecraft беше објавен пред 15 години, а стриминг сервисот реши да направи анимирана серија која ќе биде адаптација на оваа ултра популарна игра.

„Ова ќе биде оригинална приказна со нови ликови и ќе го прикаже светот на Minecraft во ново светло“, соопшти Нетфликс.

Не се објавени повеќе детали, а познато е и дека за продукцијата е задолжено студиото WildBrain кое стои зад адаптациите како Sonic Prima и Ninjago.

Нема ни точен датум кога анимираната серија на Minecraft би можела да ја види светлината на денот, но Нетфликс напиша дека „доаѓа наскоро“.

The post (Видео) Доаѓа серија базирана на една од најпопуларните игри на денешницата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK