јули 6, 2024

Кина и Велика Британија неколку месеци наназад си разменуваат обвиненија за шпионажа и загрозување на националните интереси

Кинеските власти ја обвинија британската разузнавачка служба МИ 6 дека наводно регрутирала кинески државни службеници како шпиони, пренесува Би-би-си.

Знамето на Народна Република Кина (Илустративна фотографија) / EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Во објава на нивnиот официјален канал на ВиЧет (WeChat), кинеското Министерство за државна безбедност соопшти дека оперативци на британската разузнавачка служба успаеле да врбуваат брачен пар да дејствуваат против Пекинг.

Според информациите кинескиот државјанин, чиј идентитет е наведен само со презимето Ванг и неговата сопруга работеле во одделинија од доверлив карактер во кинеската државна агенција.

Тврдењата на кинеското Министерство се дека МИ 6 наводно почнала да му се приближува и да одржува контакти со Ванг откако тој заминал на студии во Велика Британија во 2015 година, каде дел од кинеско-британската програма за размена на студенти.

Тој бил канет на вечери и патувања од оператици на британската тајна служба со намера да ги дознаат неговите интереси и слабости, тврди кинеското Министерство.

Кина и Велика Британија неколку месеци наназад си разменуваат обвиненија за шпионажа и загрозување на националните интереси.

Пред нешто повеќе од еден месец, потсетува Би-би-си, Велика Британија обвини двајца мажи дека шпионирале за Кина, односно давале белешки, документи и информации на странска држава. Пекинг ги отфрли ваквите наводи, оценувајќи ги како злонамерна клевета.

Инаку, во случајот со Ванг, кинеските власти тврдат дека оперативците на МИ 6 ја искористиле неговата слабост кон парите, се спријателиле со него на кампусот под превезот дека се дипломирани студенти и го натерале да дава „платени консултантски услуги“.

По одреден временски период и според нивната проценка дека условите се созреани, тие побарале од Ванг да работи за британската влада во замена за подобра плата, тврди кинеското Министерството за државна безбедност.

Преку Ванг, оперативците на МИ 6 потоа ја регрутирале и неговата сопруга да шпионира за нив.

„Ванг првично се двоумел, но не можел да одолее на постојаното убедување, примамување, па дури и принуда (од страна на оперативците) и на крајот се согласил“,

се вели во соопштението на Министерството за ВиЧет.

Во него се додава дека случајот е сè уште под истрага.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK