Star Citizen, контроверзната MMO симулација на вселенско возење, престрелка и трговија, беше најавена уште во 2012 година.
Но, не само што е сè уште во Alpha фаза, туку според најавите, треба да остане таму уште некое време, бидејќи Alpha 4.0 сепак треба да го видиме во третиот квартал од оваа година.
Ова, сепак, не ја спречува да собере пари – според инвеститорот, Cloud Imperium Games, Star Citizen досега има собрано нешто повеќе од 700 милиони долари преку кампања за групно финансирање и преднарачки!
Како што можеме да видиме, иако сè уште нема датум за издавање, оваа видео игра постигнува мерливи, незанемарливи резултати во финансиска смисла.
Се уште не е познато на што ќе ги потрошат сите овие пари програмерите, но како што забележува порталот Bug, прашање е дали играчите ќе можат виртуелно да патуваат низ вселената пред вселенското патување да стане составен дел од секојдневието.
The post ВИДЕО: Играта се уште не е излезена, а собра 700 милиони долари! appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде