јули 3, 2024

УЕФА ќе им дозволи на Ница и Џирона, наредната сезоната да учествуваат во нејзините натпреварувања. Ница ќе игра во Лига Европа, а Џирона во Лигата на шампионите.

Манчестер јунајтед и Ница се во сопственост на „Инеос“ и нејзиниот шеф Џим Ретклиф. Двата клуба изборија пласман во Лига Европа, Англичаните со освојување на ФА Купот, а Ница како петтопласирана во Лига 1.

УЕФА во март потврди дека доколку два клуба со ист сопственик се квалификуваат за исто натпреварување, само еден ќе може да учествува.

Нормално, тоа би било случај со тимот што заврши подобро во националниот шампионат, што во овој случај е Ница, бидејќи Манчестер јунајтед беше осми. Сепак, Јунајтед го освои ФА Купот што им дава директен влез во натпреварувањето.

„Тајмс“, пренесува дека УЕФА му дала зелено светло на Јунајтед да игра во Лига Европа. Дозвола добила и Ница но под одредени околности.

Весникот пишува дека на Ница ќе работи под целосен надзор на панел формиран од УЕФА. Тој модел сезонава беше применет во случајот на Милан и Тулуз и нивниот сопственик од САД, компанијата „Red Bird Capital“.

Исто така, на клубовите им беше кажано дека сезоната ќе се смета за преодна и дека нема да има слични исклучоци во иднина.

Тоа практично значи дека и на Манчестер сити и Џирона ќе им биде дозволено да играат во Лигата на шампионите.

Џирона, како Ница, исто така ќе мора да биде контролирана од панелот на УЕФА.

Најголемото изнедување во Шпанија оваа сезона е дел од „Сити групата“.

The post Зелено светло од УЕФА за Јунајтед, Сити, Ница и Џирона appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK