јули 3, 2024

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на покана од германското МНР и во соработка со Гете-Институтот, заедно со колегите од  Западен Балкан учествува на серија состаноци и дискусии на тема ,,Општинска Европа-Можност и одговорност”, во рамки на работната посета на Берлин, Есен и Келн. 

На денешната панел дискусија  градоначалниците заедно со претставниците од Аспен институтот се фокусираа на подготовките за претстојниот самит на Берлинскиот процес, иницијатива чија цел е зајакнување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија што треба да резултира со динамизирање на реформите. Во текот на другите состаноци се разговара и за владеењето на правото, младинските политики, зајакнување на заедничкиот регионален пазар.

,,Реформите почнуваат од локално ниво. Сите процеси на европеизација, подигање на стандардите и почитување на ЕУ критериумите стартуваат токму во рамките на локалните самоуправи.  Затоа сме овде, кај нашите партнери и пријатели, иницијатори на Берлинскиот процес, за да го следиме позитивниот пример на општинските практики. Децентрализацијата, општинската администрација, финасирањето и менаџирањето на општините, негувањето на добрите навики, грижата за околината, добриот сервис и услуги кои им ги даваме на жителите се од клучна важност да им ја приближиме Европа на нашите граѓани”, истакна Герасимовски на состанокот во Берлин.

Инаку во рамки на работната посета на Германија, градоначалниците од регионот ќе се сретнат и со своите германските колеги, градоначалниците и  општинската администрација во Есен и во Келн, за да се запознаат од прва рака со искуствата и практиките во областа на економијата, енергетската транзиција, административните работи, финансиите и цивилното општество, со цел поцврсто и поефикасно поврзување и вмрежување со ЕУ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK