ноември 23, 2024

Силното невреме во Калифорнија донесе големо количество дожд и снег, а поради опасност од поплави, на жителите на северниот дел на оваа американска држава им е наредено да се евакуираат.

Невремето предизвика излевање на реките, сообраќајот се одвива отежнато, а главните автопатишта се затворени.

Најтешките поплави ја погодија областа на 32 километри јужно од Сакраменто, каде што се излеаја реки, а локалните власти наредија евакуација на Поинт Плезант, додека на жителите на Гленвил Тракт и Френклин Понд им беше наредено да бидат на највисоко ниво на тревога за евакуација. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK