ноември 23, 2024

Денес, богатство на Маск се проценува на „само“ 137 милијарди долари по острата девалвација на акциите на „Тесла“ во последните денови и купувањето на „Твитер“ за сума од 44 милијарди долари.

Не сите рекорди кои ги собори еден од најбогатите луѓе на светот се нужно добри. Основачот на „Тесла“, Илон Маск, стана првата личност во светот која загубила 200 милијарди долари од својот нето имот, според „Bloomberg Billionaires Index“.

По американскиот претприемач Џеф Безос, Маск е вториот човек во историјата, кој успеал да акумулира лично богатство од повеќе од 200 милијарди долари, во 2021 година. Но на крајот на 2022-ра година, Маск стана првиот човек во историјата кој изгубил 200 милијарди долари од своето богатство.

Во ноември 2021-ва година, богатството на основачот на „Тесла“ и „Спејс Икс“ беше проценето на 340 милијарди долари.

По оваа мерка тој беше најбогатиот човек во светот повеќе од една година во индексот на „Блумберг“. Денес, пак, неговото богатство се проценува на „само“ 137 милијарди долари по острата девалвација на акциите на „Тесла“ во последните денови и купувањето на „Твитер“ за сума од 44 милијарди долари.

И покрај оваа загуба, 51-годишниот претприемач Илон Маск останува еден од најбогатите луѓе во светот, но тој ја загуби челната позиција од францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој е ко-основач на синџирот на луксузни стоки „LVMH“. Неговиот бизнис страдаше и во 2022-ра година, но загубите изнесуваа околу 16 милијарди долари.

Најбогатите загубиле повеќе од 1,4 билиони долари

Севкупно, најбогатите луѓе во светот загубиле повеќе од 1,4 билиони долари во 2022-ра година, според индексот на милијардери на „Блумберг“. Во него се вклучени 500-те најбогати луѓе во светот.

Меѓу главните причини за тоа се наведуваат колапсот на пазарот на криптовалути, како и војната во Украина. Ако не е прва на листата на фактори кои имале влијание врз богатството на луѓето, пандемијата на коронавирусот сè уште има влијание, особено на состојбата на богатите во Кина.

TRT Balkan Macedonia / агенции

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK