Најмалку 63 руски војници загинаа во украинскиот напад врз град во близина на Доњецк, во источна Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Украинските власти соопштија за уште поголем број загинати.
Според портпаролот на руското Министерство за одбрана, кој не го прецизираше точниот датум на нападот, четири ракети го погодиле „привремениот центар“ на руската војска во Макеевка, град окупиран од Русија источно од Доњецк.
Руските и украинските медиуми претходно јавија дека нападот на тој град бил извршен во ноќта меѓу саботата и неделата.
Следете не, не има насекаде