ноември 22, 2024

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ реагираше на изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, дека групите на косовски Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите на северот на Косово. Според Брнабиќ, барикадите не се поставени само за Србите да го покажат незадоволството и очајот, туку и за заштита на договорите на кои ЕУ треба да е гарант.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

„Тие се таму не само затоа што им се загрозени основните човекови права, туку и за да го заштитат Бриселскиот договор што го потпишавте и чија имплементација треба да биде гарантирана од ЕУ“, напиша Брнабиќ на Твитер.

Според српската премиерка, барикадите се повик за мир и истовремено повик за акција на меѓународната заедница да почне да си ја врши работата.

„Значи, да, помогнете му на Албин Курти да ги отстранат барикадите, и заедно со него ќе го отстраните сето она што остана од вашиот авторитет и кредибилитет“, порача Брнабиќ.

Таа посочи и дека Квинта, очигледно, заедно со Борел, наведува дека барикадите на северот на Косово мора да се отстранат бидејќи се нелегални.

„Интересно е што не се толку гласни за незаконитоста на апсењето Срби, на пример на Дејан Пантиќ, кој вчера беше уапсен без никакви докази, или кога косовската полиција го прекрши Бриселскиот договор со влегување во општини со мнозинско српско население на север, вооружени со долги цевки“, напиша премиерката на Србија.

Тие луѓе на барикадите јасно го изразуваат својот протест и тоа го прават мирно, а единствениот начин да бидат слушнати, за жал, е на барикадите, заклучи таа.

Борел, претходно, со барање барикадите на косовските Срби на северот веднаш да бидат отстранети, порача дека ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС на Косово, ниту насилство и криминални дејствија на северот.

„Групите на косовските Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите. Мирот мора повторно да биде воспоставен. Сите актери мора да ја избегнуваат ескалацијата“, изјави шефот на европската дипломатија, додавајќи дека ЕУЛЕКС ќе продолжи да координира меѓу косовските власти и КФОР.

Вчера Србите од северот на Косово поставија барикади на северот на Косово во знак на протест против апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

Од ЕУЛЕКС потврдија дека во саботата навечер била фрлена шок бомба врз нивната извидничка патрола кај Рударе, наведувајќи дека нема повредени ниту материјална штета.

И денеска северот е блокиран и од српските граѓани и од косовската полиција. На административните премини кон Србија, Јариње и Брњак, не може да се помине ниту пеш, ниту со автомобил.

Во овие моменти српскиот претседател Александар Вучиќ е на состанок на Советот за безбедност, по што ќе има обраќање до граѓаните.

Извор: МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK