ноември 22, 2024

Испораката на гас за 9 декември ја надмина дневната количина предвидена со договорот за 16,4 отсто.

„Газпром“ на 9 декември постави нов историски рекорд кога станува збор за дневните испораки на руски гас за Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“, соопшти денеска рускиот енергетски гигант.

– Испораката на гас за 9 декември ја надмина за 16,4 отсто дневниот износ предвиден во договорот – се наведува во соопштението, пренесе ТАСС.

Исто така, се истакнува дека Гаспром го исполни барањето на кинеската страна за зголемување на дневните испораки на гас во декември, во однос на претходно утврдениот распоред.

Италијанскиот министер за животна средина и енергетска безбедност, Жилберто Пичето Фратин, на почетокот на неделата истакна дека Италија сè уште се потпира на рускиот природен гас, кој продолжува да го увезува и покрај повиците на ЕУ за забрана .

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK