ноември 22, 2024

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Анкара и Москва, како и за енергетиката и борбата против тероризмот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин за извозот на други прехранбени производи и стоки преку коридорот за жито на Црното Море, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател.

Според извештаите, тие разговарале за билатералните врски меѓу Анкара и Москва, како и за енергетиката и борбата против тероризмот , објави Ројтерс.

Ердоган, исто така, ја повтори потребата „да се исчисти границата на Турција со Сирија од терористите на Курдистанската работничка партија на најмалку 30 километри“.

Да потсетиме, Европската унија неодамна го критикуваше турскиот претседател за неговите блиски врски со Владимир Путин, обвинувајќи го дека и овозможува на Русија да ги заобиколи санкциите воведени поради конфликтот во Украина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK