Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Џозеф Борељ најави дека нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС и додаде дека Србите мора веднаш да ги отстранат барикадите.
ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС или употреба на насилни, криминални дејствија на север. Групите на косовските Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите. Мора да се врати мирот. ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со косовските власти и КФОР. Сите актери мора да избегнуваат ескалација – рече Борељ.
Новата ескалација на тензиите на Косово доведе до поставување барикади на северот на Косово и напад на патролата на ЕУЛЕКС, а кулминираше утринава кога специјалните единици на РОСУ, вооружени со долги цевки, го окупираа езерото Газиводе.
Следете не, не има насекаде