Познатата пејачка Шакира и се обрати на јавноста на првиот ден од 2023 година и испрати порака, откако изминатата година се раздели од невенчаниот сопруг Жерар Пике.
„Иако нашите рани сè уште се отворени во оваа нова година, времето лечи сè. Дури и ако некој нè изневери, мора да продолжиме да веруваме. Наспроти презирот, продолжете да се цените себеси, бидејќи има повеќе добри луѓе отколку лоши. Има повеќе емпатични отколку бесчувствителни луѓе. Помалку од нив заминуваат, а повеќе остануваат со нас“, напиша пејачката.
Вели дека солзи не се отпад, туку тие ја наводнуваат земјата во која ќе се роди иднината и нè прави подобри луѓе, и покрај скршеното срце да продолжиме да сакаме.
Со оглед на тоа дека 2022 година ја одбележа нејзиното раскинување со Пике, со кој живееше во вонбрачна заедница 12 години, многумина меѓу редови ги читаат зборовите на Шакира и толкуваат дека се однесуваат на таа ситуација.
Медиумите пишуваа за тоа дека Пике ја изневерил Шакира, а фудбалерот наводно го раскинал договорот со пејачката. Имено, наводниот договор меѓу поранешната двојка бил тие да не се појавуваат во јавност со новите партнери една година по раскинувањето, што Пике го прекршил со оглед на тоа што бил виден со својата нова девојка Клара Чија Марти.
Поранешниот пар неодамна, по маратонски преговори, го договори старателството над синовите Милан и Саша. Децата ќе бидат со мајка им во Мајами, а нивниот татко ќе може да ги посетува кога ќе посака.
The post Дури и ако нè изневерат и покрај скршеното срце мора да продолжиме да сакаме, напиша Шакира во порака до фановите appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде